Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВИ НАПАДИ ВО СИРИЈА: Зошто се тресе Турција?

(ВИДЕО) НОВИ НАПАДИ ВО СИРИЈА: Зошто се тресе Турција?

Сириската војска информираше дека синоќа повторно имало интензивни воздушни напади врз неколку нејзини воени бази, поконкретно околу Алепо и Хама. 

Експлозиите биле толку силни што наводно предизвикале потреси забележани во неколку соседни земји, меѓу кои и Турција.

Според новинската агенција „Ројтерс“, опозицискиот активист Басам Џара известил дека една од локациите што биле нападнати е воената база Бригада 47 кај градот Хама што служи како центар за регрутација на шиитски паравоени групи што ги поддржува и контролира Иран, а се борат на страната на регуларната сириска војска.

Џара објави фотографии од жестокиот напад, а Викиликс исто така објави снимка на Twitter од „ѕверската експлозија“ што одекнала и надвор од Сирија. Сеизмолозите по нападите забележале потреси во Турција и Либан со јачина од над 2 степени според Рихтер, објави Викиликс.

Сириската опсерваторија за човекови права информираше дека најмалку 26 прорежимски борци, поголемиот дел Иранци, биле убиени во воздушните напади „што најверојатно ги извршил Ираел“.

Израел во изминативе месеци во неколку наврати вршеше воздушни напади во Сирија користејќи го главно воздушниот простор на Либан, а се смета дека и овојпат истата земја стои зад нападите.


Слично

Поврзани вести