Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нови напади над Доњецк: Три деца загинале во бомбардирање на Горловка, а мајките преживеале

(ВИДЕО) Нови напади над Доњецк: Три деца загинале во бомбардирање на Горловка, а мајките преживеале

Уште тројца млади деца го загубиле животот во артилериските напади над Доњецк. Украинската војска пријавила дека загубила 8 војника.

Шест цивили, вклучувајки и три деца, загинале во нападот на украинската војска на Луганск и во бомбардирањето на Горловка, изјавија денеска од самопрогласената република Луганск и Доњецк.

Децата загинале во нападот над Горловка во Доњецк.

„Експолозивна направа ја погодила еднокатната куќа. Поради ударот ѕидовите и плафонот се срушиле во купатилото. Спасувачите пронашле тела на три деца родени во 2013, и две девојчиња родени во 2001 и 2008 година“, изјавиле од прес службата на министерството за вонредни ситуации на Доњецк, а пренесува Итар-Тасс. Уште 30 цивили се повредени во овие напади.

Три цивили загинале а четворица се повредени во ракетните напади над стамбена област во Луганск од повеке ракетни гранати, изјавил денеска министерот за вонредниситуации Сергеј Иванушки. Луганск по ноќта е ракетиран двапати, првиот пат околу 22 часот и 30 минути по локално време во источните подрачја, а регистрирано се над 52 експлозии. Освен стамбените згради ракетите „смерч“  ја погодиле и противпожарната служба, гасоводот, градинка и млекара, изјавил Иванушкин.

Вториот напад бил изведен околу 4 часот наутро по локало време, а погодени биле стамбени згради недалеку од центарот на градот.

Во четвртокот во Минск после 17 часа преговори бил постигнат мировен договор помеѓу лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција. Според тој договор, примирјето треба да стапи на сила на 15 фребруари.

Слично

Поврзани вести