(ВИДЕО) Нови драматични снимки од кулата во Лондон, повици за помош: Дојдете овде, брзо!
Почнуваат да излегуваат нови драматични видео снимки од пожарот кој вчера ја зафати 24 катната кула во Лондон.
Моменталниот биланс на вчерашниот страотен пожар во облакодерот е најмалку 17 мртви и 74 повредени, од кои 37 се и понатаму во болница а 17 во критична состојба, додека има сомневање дека бројот на настрадани е преку стотина.
На социјалните мрежи почнаа да кружат и видеа во кои се гледа внатрешноста од висококатницата кои се вистински хорор.
Пожарникарите засега не можат да ги пребараат во целост 24-те катови бидејќи високата станбена зграда во западен Лондон не е безбедна.
„Во раните утрински часови се угасени и последните жаришта. Би било чудо некој да биде пронајден жив во висококатницата која вчера рано утрото ја проголта пожар“, изјавила денес комесарот за пожарникарна служба во Лондон Дени Котон, која за Скај њуз рекла дека властите не очекуваат дека некој ќе биде пронајден жив и дрка е премногу рано да се тврди што го предизвикало пожарот. Котон навела дека пожарникарите не биле во можност да извршат сеопфатна истрага бидејќи не е безбедно да се движат по рабовите на зградата.
Очајни роднини и пријатели на сите начини се обидуваат да ги пронајдат своите драги личности исчезнати после пожарот, а се организирани и центри за помош за регистрација и пронаоѓање на исчезнати.
Ова се лицата на некои од исчезнатите:


Our colleague Mo Tuccu is missing after visiting relatives at Grenfell Tower last night.Pls retweet. @skynews @BBCNews #GrenfellTowerFire pic.twitter.com/BIG6axnSos
— Red Consultancy (@redprnews) June 14, 2017


Plz if anyone have any news about my father, lost him on the 10th floor Grenfell Tower plz call us on 07448131163 pic.twitter.com/rSl9zQtVLr
— Hamid Ali JAFARI (@hamidalijafari) June 14, 2017


Живи се пронајдени две сестрички од 11 и 6 години во болница во Лондон кои живееле на 20-от кат, но се уште се трага по нивните родители и шест месечно бебе.



