(ВИДЕО) Нови детаљи за убиството на Немцов „протекуваат“ низ руските медиуми
Истреланите куршуми кон Борис Немцов биле 9-милиметарски куршуми кои биле произведени меѓу 1986 и 1992 година, што според полицијата е сведоштво дека убијците се професионалци, пишува рускиот весник „Комерсант“.
Од друга страна доказите посочуваат дека егзекуцијата била подготвувана долго, а местото Московски мост, од кој има поглед кон Кремљ, било специјално избрано. Наоѓањето на сторителите изгледа ќе биде повеќе од тешко.
Единствената снимка од злосторството е онаа од телевизија „Центар“, но од неа речиси ништо не се гледа, бидејќи е симена од далеку. Сите останати камери во регионот биле оштетени или привремено исклучени и не се снимиле ништо.
„Убиството на Немцов, не лишува од надежта дека во Русија е можна мирна транзиција од диктатура кон демократија“, изјавил Гари Каспаров.
Тој изјавил дека нема да присуствува на погребот на Немцов утре поради сопствената безбедност.
Во исто време, друг опозициски лидер - Алексеј Навални, кој е во домашен притвор, поднесе барање во судот да го пуштат за да присуствува на погребот.
