Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО)НОВИ ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА ВО КОЛУМБИЈА: На голманот Џексон Фолман му е ампутирана една нога!

(ВИДЕО)НОВИ ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА ВО КОЛУМБИЈА: На голманот Џексон Фолман му е ампутирана една нога!

Бразилските и колумбиските власти денес покренуваат истрага за падот на авионот кој се урна во централиниот дел на Колумбија, а пронајдените „црни кутии“ би можеле да дадат одговор дали несреќата се случила поради технички проблеми или леталото останало без гориво.


Истражителите од Бразил ќе добијат помош од колумбиските колеги со кои ќе ја истражат содржината на „црните кутии“, пренесе Ројтерс, додавајќи дека во тоа ќе им помогнат и експерти од Британија.


Во падот на авионот, во кој биле и фудбалери од бразилскиот Чапикоенсе, загинале 71 лица, а шест преживеале. Преживеале тројца фудбалери, еден новинар и двајца членови на екипажот. На голманот Џексон Фолман му е ампутирана десната нога.


Над илјада навивачи облечени во зелено и бело се собрале синоќа на стадионот на бразилкиот тим, на југот од Бразил. Тие ја пееле химната на Куба и извикувале едно по друго имињата на играчите кои загинале во несреќата.

„Ние сме шампиони“, извикувале во солзи соберени со персоналот на клубот и членовите на семејствата на загинатите и на центарот на теренот направиле голем круг држејки се за раце.

Слично

Поврзани вести