Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Новата нуклеарна подморница на САД пробива се пред себе

(ВИДЕО) Новата нуклеарна подморница на САД пробива се пред себе

Видео снимка од американската морнаричка база Камп Сарго, која се наоѓа во арктичкиот круг, прикажува нуклеарна подморница како пробива низ цврст мраз.

Подморницата Хартфорд од класата „Лос Анџелес“ е снимена како испливува во близина на базата, која се наоѓа 300 километри северно од Аљаска.

Може да се види и екипажот како го чисти мразот од горниот дел од подморницата. Требало да се пробијат низ речиси 60 сантиметри мраз, а користеле и моторна пила за да се ослободи еден од отворите.

Базата е направена како дел од Ледената вежба 2016, за која американската морнарица тврди дека целта ѝ се научни истражувања.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9990wY1DEhk[/embed]
Слично

Поврзани вести