Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВА ВОЈНА ВО СВЕТОТ: Стотици загинати на улиците

(ВИДЕО) НОВА ВОЈНА ВО СВЕТОТ: Стотици загинати на улиците

Жестоки борби се водат во Тиграј, Етиопија.

Градот Аксум го зазеле бунтовниците, а Шире паднал во рацете на сојузните сили.

Тие се обидуваат да се приближат до Мекеле, главен град во регионот.   

Лидерот на бунтовничките сили во регионот Тиграј во Етиопија денеска изјавил дека градот Аксум и натаму е под нивна контрола. 

„Шире падна пред три дена, а Аксум е со нас, но војската е пратена да го стави Аксум под контрола, па се водат борби", изјавил за "Reuters" Дебрецион Гебремајкл, кој го предводи Народноослободителниот фронт Тиграј.

Шефот на владината работна група за Тиграј засега не одговорил на повиците за коментар.

Етиопските сили вчера тргнале кон главниот град на регионот Тиграј, игнорирајќи ги меѓународните апели за организирање на преговори за сопирање на судирот.

Тензиите земаа замав од септември, кога во Тиграј се одржаа регионални избори и покрај противењето на сојузната влада која гласањето го нарече „нелегално“. 

Судирите ескалираа откако вооружени напаѓачи убија 32 лица и запалија 20-тина куќи во западна Етиопија.


Слично

Поврзани вести