(ВИДЕО) НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Најмалку 10 луѓе загинаа во поплави
Поплави ја зафатија југоисточна Турција.
Над десет лица загинаа во поројните поплави во провинциите Шанлиурфи и Адијаман, објави денеска новинската агенција Анадолу. Патиштата се поплавени. Спасувачите со чамци и нуркачи се обидуваат да стигнат до жртвите, соопшти агенцијата за вонредни состојби АФАД. За 24 часа наврнале повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен.
По стилниот земјотрес од 6 февруари во кој загинаа над 48.000 луѓе, турските граѓани се сместени во шатори и контејнери, кои сега се делумно поплавени.
Слично
