Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нова трагедија: Во пад на авион во Тајван загинаа 51 лице

(ВИДЕО) Нова трагедија: Во пад на авион во Тајван загинаа 51 лице

Најмалку 51 лице загина, а седум се повредени во пад на авион на тајванската авиокомпанија „Трансазија ерланјс“ при принудно слетување на аеродром во архипелагот Пенг, објави тајванската агенција ЦНА.

Агенцијата наведува дека дека до несреќата дошло на еден од островите на архипелагот Пенг, на западниот брег на Тајван.

Засега тајванските медиуми наведуваат дека авионот, со 54 патници и четири членови на екипажот сообраќал на домашна линија.

Се претпоставува дека причина на несреќата се лошите временски услови и тајфунот кој ја зафатил оваа област.

Локалните медиум јавуваат дека при принудно слетување дошло до експлозија и дека авионот удрил во две куќи.

Авионот од меѓународниот аеродром Каохсиуг полетал во 17 часот по локално време, а требало да слета на аеродромот Магонг 35 минути покасно.

Слично

Поврзани вести