Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Патнички авион излетал од пистата – има загинати и повредени

(ВИДЕО) НОВА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Патнички авион излетал од пистата – има загинати и повредени

Нова несреќа ја стресе Русија, две лица загинаа во авионска несреќа која се случила на аеродром во југоисточниот дел на Сибир.

 Патничкиот авион Ан-24 на авиокомпанијата Ангара принудно слетал на аеродромот, министерството соопшти дека машината ја пропуштила пистата при присилното слетување.


Капетанот и механичарот на летот загинаа во несреќата, додека 24 луѓе биле спасени од запалениот авион пред пожарот да се рашири.

На социјалните мрежи и медиумите се споделуваат видеа и слики од несреќата. Во една од видео снимките се гледа дека патник кој бил во авионот успеал со својот телефон да го сними моментот на слетување и ударот.

Локалното министерство за вонредни сосојби изјави дека во авионот имало  46 лица, меѓу кои и четворица членови на екипажот. Две лица го загубија животот во несреќата, 22 се повредени, а според медиумите од регионот 7 лица од повредените се хоспитализирани.

 Видео Твитер и НОВОСТИ

Слично

Поврзани вести