(ВИДЕО) НОВА ФАЗА ВО БИТКАТА ЗА СИРИЈА: Русија, Западот и исламистите преминуваат во копнена офанзива!
Воената интервенција на сојузниците на сирискиот претседател Башар Ел Асад е пред нова фаза.
После интензивно бомбардирање на руското воено воздухопловство, кое своите напади ги концентрираше на противниците на Асад надвор од ИС, во подготовка е голема копнена офанзива која ќе ја продолжи сириската војска, со продолжение на руска поддршка од воздух, но и заедно со ирански војници и припадници на Хезболах, ќе се обиде да ги надјакне милитантите од делови на најголемиот сириски град Алепо.
Ова би бил нов чекор на офанзивата која неодамна веќе тргна во привинцијата Хама. За таа цел во Сирија стигнале повеќе илјади ирански војници. Оваа офанзива веројатно додатно ќе ја разлути официјална Анкара, која досега активно им помагаше на разни милитантни групации во борба за соборување на режимот на Асад од власт а изразила и длабока загриженост поради руските воени удари.
Таа загриженост ја делат и турските сојузници во НАТО, посебно после два инцидента во кои руски воени летала упаднале во турски воздушен простор.
Неодамна во офанзивата кон Алепо тргна Исламска држава, која изминатиот викенд, охрабрена од руски удари на Асад, а воедно и на своите противници, освоила неколку села северно од градот, а во еден момент се приближила на само два километри од градскиот центар.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KZJwF7Pb5gc[/embed]На подрачјето на ИС дејствуваат милитанти кои ги финансира Западот и Турција, а токму таму се наоѓаат силите на коалицијата предводена од САД кои планираат да им зададат значаен удар на ИС.



