Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нова авионска несреќа: Речиси 50 загинати во пад на авион во близина на Техеран

(ВИДЕО) Нова авионска несреќа: Речиси 50 загинати во пад на авион во близина на Техеран
Речиси 50 лица загинаа во авионската несреќа во која авионот на „Сепахан Ер“ се урнал во близина на аеродромот во Техеран. Според првичните информации, во несреќата загинале сите 48 патници и членови на екипажот, но нешто подоцна помошникот министер за транспорт на Иран, Алиреда Џехангирјан изјави дека во несреќата сепак има преживеани. „Најверојатно, по полетувањето тој го променил курсот. Дел од патниците се повредени и однесени во болница“, изјавил тој. Авионот патувал на релација Техеран - Табас, а се урнал веднаш по полетувањето, нас само пет километри од аеродромот. Авионот всушност се урнал во населбата Азас, во западниот дел од Техеран, но во пошумена област од градот, па затоа нема жртви на земјата. http://www.youtube.com/watch?v=ofolGH8ODL0 Првичната истрага покажува дека авионот од типот Антонов - 140 кој се користел само за домашни летови, се урнал откако најверојатно му откажал моторот веднаш по полетувањето. Околу паднатиот авион веднаш се насобрале локалните жители, заради што остатоците на авионот ги обезбедува иранската војска.
Слично

Поврзани вести