(ВИДЕО) НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Напаѓач со мачета избоди луѓе во метро во Лондон
Нов терористички напад се случи вчера во Лондон, откако непознат маж вооружен со мачета рани три лица во метро.
„ Ова е за Сирија” викал напаѓачот додека ги проподувал случајните минувачи, кои се префрлени во болница.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=UIGLlAwyYv8[/embed]Полицајците кои биле повикани на лице место го совладале напаѓачот, на кого му е одреден притвор.
Од лондонската полиција овој напад го нарекоа „терористички акт”.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Gx99ar430rk[/embed]„Ние ова го третираме како терористички инцидент. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени, но да бидат внимателни“, изјавил командантот Ричард Волтон.
Нападот се случи неколку дена откако британскиот парламент донесе одлука за вклучување на Лондон во операциите против Исламската држава. Велика Британија веќе ги спроведе и првите воздушни напади во Сирија во петокот и четвртокот наутро.
