(ВИДЕО) НОВ ИНЦИДЕНТ: Турција ја собори и третата ракета испалена од Иран
Tурција собори и трета иранска ракета.
Сирените за воздушна опасност кои рано утрово се огласија во воздухопловната база Инџирлик во Турција го вклучија алармот во седиштето на НАТО. Соборувањето на третиот ирански проектил во последните неколку дена ги подгреа сомнежите дека ова стратешко упориште на Алијансата е примарна цел на Техеран.
Иако Иран негира директна одговорност, американските разузнавачи предупредуваат – траекторијата на ракетите води право кон Адана.
Аналитичарите се децидни: секој посериозен напад врз Инџирлик би го активирал фамозниот Член 5 на НАТО, што би значело отворен конфликт со Иран.
„Особено загрижувачки е фактот дека Инџирлик е дом на значителен дел од американскиот тактички нуклеарен арсенал. Секоја експлозија во периметарот на базата носи ризик од невиден нуклеарен инцидент“, предупредуваат експертите.
Како мерка на претпазливост, САД веќе почнаа со евакуација на дипломатските семејства од конзулатот во Адана, додека ПВО системите на НАТО во Медитеранот се во состојба на највисока борбена готовност.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера изјави дека Турција нема да дозволи никакви планови насочени кон поттикнување граѓанска војна во Иран. Веќе 15 дена има воени дејствија меѓу Израел и САД од една страна и Иран од друга страна.
фото принтскрин
Adana'da çok sayıda vatandaş saat 03.30 sıralarında büyük bir gürültüyle uyandıklarına yönelik bildirimde bulundu. İncirlik Üssü'nden siren sesleri duyuldu. Bir süre sonra gökyüzünde parıltılı bir cismin düştüğü kameralara yansırken, bölgeye yönelen bir füzenin havada imha… pic.twitter.com/jz6dwNOryB
— Adana Masası (@adanamasasi) March 13, 2026
