Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Нов гаф на Си-Ен-Ен: Американците ја споија цела Украина на Русија!

(ВИДЕО) Нов гаф на Си-Ен-Ен: Американците ја споија цела Украина на Русија!

Во известувањето кое е направено од страна на информативниот канал „CNN“ опишани се трите најголеми кризи со кои се соочуваат лидерите во Европа. Во прашање се Исламсака држава, грчкиот долг, и таканаречената „Руска инвазија на источниот дел во Украина“.

При известување на информативниот канал „CNN“ Украина е означена како дел од Русија, односно биле обоени во иста боја, додека руското знаме се вее низ Украина, под наслов „Дипломатска и воена криза“.

При известувањето се издвоени трите најголеми кризи со кои се соочуваат европските лидери: Исламската држава, грчкиот долг и она што водителот Џон Ваус го истакнал „Руската инвазија на истокот во Украина“.

Како илустрација за неговите зборови е прикажана мапата на Украина и нејзините соседи.

Како што знаеме, оваа не е прв пат „CNN“ да направи таква несмасна грешка во известувањето за Украина. Минатата недела изјавиле дека Украинската војска и национална гарда ја нарекле „проамеричка војска“ во извештајот и дека Вашингтон им нуди смртоностно оружје на Украинците.

Каналот се извинил поради таквата груба грешка, како што некои критичари ја нарекле „фројдовски лапсуз“.

 
Слично

Поврзани вести