Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

Американскиот претседател Џо Бајден направи гаф на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон. Станува збор за мрморење пред Белата куќа каде Бајден на „Макроун“ му посака добредојде, потсетувајќи дека Франција е најстариот сојузник на САД, пренесе Телеграф.

Бајден го спомна Маркизот де Лафајет, ама како „Маркус де Лафајет“. Тоа бил француски благородник кој се борел во војната за независност на САД против Велика Британија. Бајден минатиот месец го нарече Риши Санок, британскиот премиер Риши Сунак. Тој во повеќе наврати грешеше имиња на политичари, но и на држави. 

Инаку, Бајден и Макрон рекоа дека двете земји се „браќа по оружје“. Бајден направи гаф кога во говор во американската сојузна држава Колорадо рече дека неговиот син, кој почина од тумор на мозокот во мај 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

фото: јутјуб/принтскрин


Слично

Поврзани вести