(ВИДЕО) Норвешка гради мега автопат: Чини 50 милијарди долари, ама ќе сфатите зошто толку многу!
Како би го поврзала својот брег, Норвешка го смислила најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата вреден 47 милијарди долари.
Се работи за автопат долг 1 100 км кој ќе ја поврзе цела западна Норвешка и така ќе се протега низ шест покраини, а ќе укине дури седум тракетни линии. Со тоа, времето на патување ќе биде скратено за скоро 50 отсто, односно повеќе нема да биде потребно да се патува 21 час, туку 11 часа за да се премине норвешкиот брег, пренесува "novac.hr".
Бидејќи Норвешките фјордови имаат најспецифични брегови во Европа, инженерите морале да бидат нешто покреативни од обично како би го извеле поврзувањето. Затоа автопатот Е39 ќе има и делници кои ќе се наоѓаат како над, така и под површината на водата. Фјордот Бокнафјорден на пример, со брегот ќе биде поврзан со подводен тунел долг 27 км чија најдлабока точка се наоѓа на 390 метри под површина на водата. Со изградбата на овој тунел, Норвежаните почнале минатата година , а се очекува дека проектот вреден две милијарди долари ќе биде завршен до 2026 година и ќе биде најдолг и најдлабок тунел на светот под површина на морето.
Сепак, како што се додава најголем предизвик ќе биде да се поврзе најголемиот норвешки фјорд, Согнефјорд , кој е преширок и предлабок за конвенционални решенија. Затоа, едно од можните решенија е „кралскиот фјорд“ и брегот да се поврзат со највисокиот висечки мост на светот по кој патот би понирал под површина на водата со што би станал своевиден пловечки подводен тунел како бродовите би можеле непречено да преминуваат низ фјордот.
Автопатот на таа делница всушност би имал два тунели меѓусебно поврзани со понтони на површина на водата, а би се наоѓале барем 20 метри под водата. Ако Норвежаните се одлучат за ова решение, тоа ќе биде прва таква градежна конструкција во светот.
Планот за изгрдба на автопатот Е39 норвешката Влада го прифатила, а до 2029 мегапроектот би требало да биде готов. Сепак, веќе постојат нагодувања дека низ некои делници ќе може да се патува дури во 2035 година. Во секој случај, изградбата на овој автопат ќе го подигне нивото за идни инфраструктурни проекти.
