(ВИДЕО) Њујорк: Џихадист со секира нападна полицајци
Џихадист со секира нападна група од четири њујоршки полицајци кои позирале за фотографија и при тоа повредил двајца, од кои еден е во критична состојба, после што напаѓачот е убиен.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил поддржувач на џихадистите.
Мажот идентификуван во американските медиуми како Зејл Томпсон, изјавил во видео снимката објавена минатиот месец на еден сајт кој ја поддржува Исламистичката држава дека „џихадот е вистински одговор на репресијата на ционистите и крстоносците“, наведол сајтот.
Полицајците патролирале пеш кога еден фотограф ги замолил да позираат за фотографија во улицата Квинс вчера околу 14 часот по локално време, изјавил портпаролот на њујоршката полиција.Еден човек одненадеш почна да мава со секира со која удари еден полицаец во десната рака, а потоа повторно замавана и го удари другиот полицаец во главата, изјавил портпаролот на полицијата.
Даругите двајца полицајци пукале во напаѓачот и го усмртиле. Осомничениот, чиј идентитет уште не е потврден, но е објавено дека има околу 32 години, е прогласен за мртов на лице место.
