Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ниту американската војска не може да ги контролира немирите во Фергусон

(ВИДЕО) Ниту американската војска не може да ги контролира немирите во Фергусон
Ниту Националната гарда на американската сојузна држава Мисури не успеа да ја стави под контрола ситуацијата во гратчето Фергусон, каде повеќе од една недела беснеат немири заради убиството на младо момче од страна на полицаец. Над 30 лица се уапсени во уличните немири, кои започнаа откако полицаец белец уби невооружен Афроамериканец, 18-годишно момче Мајкл Браун. http://www.youtube.com/watch?v=uv-g1ejDCXk Полицајците заплениле две огнени оружја од демонстрантите и не испукале ниту еден куршум, иако се наоѓале под жесток напад синоќа, информираше полицијата на Фергусон. Националната гарда, која е дел од американската војска, била распоредена во обид да ги поддржи полициските сили и да го врати редот на улиците, но без поголем успех. Безбедносните служби сепак се сомневаат дека немирите од револт за убиеното момче, кое почнаа спонтано, се повеќе наликуваат на организирани криминални акции, кои некои криминални структури се обидуваат да ги злоупотребат. http://www.youtube.com/watch?v=uxzTiEvRnBU Ситуацијата се обиде да ја смири и американскиот претседател Барак Обама, кој вчера апелираше на смиреност и разум на жителите на Фергусон. Тој сепак не ја поддржа идејата за вклучување на Националната гарда и го предупреди гувернерот на Мисури дека „Националната гарда треба да се користи само во ограничен и на соодветен начин“.  
Слично

Поврзани вести