Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Незапамтена трагедија: Седум лица загинаа од експлозија пред детска болница во Мексико Сити

(ВИДЕО) Незапамтена трагедија: Седум лица загинаа од експлозија пред детска болница во Мексико Сити

Седум лица загинале, а најмалку 54 се повредени, меѓу кои и 22 деца, во експлозија на гас во близина на детска болница во Мексико Сити, соопштуваат градските власти.

Шефот на националната агенција за цивилна заштита Луис Филипе Пуенте потврдил дека седум лица се загинати, јавува Ројтерс.

Пожарникарите и спасувачите ги пребаруваат рушевините, а градоначалникот на Мексико Сити Мигел Ангел Мансера изјавил дека мора да се направи евакуација од безбедносни причини бидејќи има многу бебиња, пренесува АФП.

rusevini meksiko siti

Претставници наведуваат дека не се знае уште колку лица се наоѓаат под рушевините на болницата, а дека 37 лица се префрлени во болница додека останатите се здобиле воглавно со лесни повреди.

Околу 40 одсто од зградата на болницата е оштетена од експлозијата која се случила кога се запалил товарен камион утрово во текот на транспорт на гас.

Слично

Поврзани вести