Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО ЕВРОПА: Во Белгија загина и дете

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО ЕВРОПА: Во Белгија загина и дете

Најмалку шест луѓе загинаа во невремето кое ја зафати Европа. Настрдаа две лица во Белгија и по едно во Шпанија, Франција, Германија и Холандија. Во Белгија загина и дете на возраст од 5 години. 

Невремето Киаран предизвика прекин на железничкиот сообраќај во Фландрија, а возовите кои сообраќаат во Белгија се движеле со намалена брзина. Во Антверпен е во прекин поморскиот сообраќај, а на аеродромот во Брисел има одложени летови и големи доцнења.


На северот на Франција, покрај еден загинат, 16 луѓе, меѓу кои седум пожарникари, се повредени. Во Франција околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, најмногу во Бретања, односно 780.000. Во Бретања се забележани ветрови со брзина од 200 километри на час.

Невремето силно го погоди и југот на Англија, поради што беа откажани бродските и траектните линии од Довер. Затворени се и стотина училишта.

Во Баскија, во Шпанија се измерени бранови од осум до девет метри.

Поплави ја зафатија и соседна Грција. 


Слично

Поврзани вести