Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА И ФРАНЦИЈА: Едно лице загина, има повредени

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА И ФРАНЦИЈА: Едно лице загина, има повредени

Силно невреме „налик торнадо“ ја погоди Швајцарија, при што едно лице загина. 

15 се повредени во силното невреме што го погоди швајцарскиот град Шо де Фон, во планините Јура. 50-годишен маж загинал кога врз него паднала дигалка соборена од ветер. Однесени се покриви на куќи, искорнати се дрвја, уништени се или оштетени возила. Невремето, пред да го опустоши овој град, зафати дел од Франција долж границата со Швајцарија, предизвикувајќи голема материјална штета, а потоа продолжи да се движи кон Шо де Фон, нагло зајакнувајќи.

Како што објави швајцарската метеоролошка служба, се работи за „веројатно торнадо поврзано со бура која брзо се развивала долж Јура“ што го погоди швајцарскиот град долж француската граница, пренесе Франс прес. Локалната метеоролошка служба објави дека во одредени моменти ветерот достигнувал брзина и до 217 километри на час, според МетеоСвис.

Невреме утрово ја зафати и Словенија. Претходно, невреме беснееше во Италија, Хрватска, БиХ, Србија. 

Фото: социјални мрежи


Слично

Поврзани вести