(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО РУСКИ ГРАД: Ветер со брзина од 136 километри на час уриваше објекти
Силно невреме го зафати рускиот град Владивосток.
Ветерот овие денови достигнува брзина и до 136 километри на час. Многу монтажни објекти се урнаа. Улиците се претворени во лизгалишта по врнежите од дожд што ниските температури го претворија во мраз. Автомобилите низ градот се поместуваат поради силните ветрови. Надлежните служби имаат полни раце работа, бидејќи возилата буквално се лизгаат по асфалтот. Не се знае колкава е материјалната штета, но се знае дека најмалку 60 граѓани побарале лекарска помош поради повреди.
Слично
