Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Во Мадрид водата носеше автомобили по улиците

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Во Мадрид водата носеше автомобили по улиците

Поплави има кај шпанскиот главен град Мадрид каде улиците се поплавени, а дел од метрото е отсечен.

Обилните дождови предизвикаа поплави и ги претворија улиците во реки, а пожарникарите интервенирале најмалку 150 пати.

Во градот Арганда дел Реј, југоисточно од Мадрид – фотографиите и снимките на локалните медиуми ги покажуваат улиците претворени во реки од кал кои носат автомобили.

Пожарникарските служби реагирале 152 пати вчера, главно на југот и истокот на градот.

Повредени нема во невремето. За шест часа се регистрирани 9.000 молњи. 


Слично

Поврзани вести