Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Три лица загинаа, Германците да не излегуваат од дома

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Три лица загинаа, Германците да не излегуваат од дома

Бурата „Себастијан“ во Германија однесе три животи. 

Според информации на локалните противпожарни служби, тело на маж во инвалидска количка е пронајдено во река во северниот град Хамбург. Според сведоци, тој паднал во вода, но и покрај обидите на службите за спасување, меѓу кои и нуркачи, чамец и хеликоптер не можеле да го спасат. 

Меѓу загинатите е и еден пешак во Хамбург, кого го погодило скеле што паднало од седми кат на една зграда, соопшти полицијата. Тој е пренесен во болница, но подоцна починал.

Трета жртва е 53-годишен маж кој паднал од дрво во градот Брилион.

Во северниот  дел на земјата е регистриран ветер со јачина на ураган од 130 километри на час.

Невремето денеска се движи и кон источниот дел на земјата, соопштија германските метеоролози.

Неколку германски покраини објавија предупредувања во кои се советуваат жителите да останат во своите домови, а службите за вонредни ситуации не ги исчистат патиштата и ги отстранат проблемите со недостиг на струја.

Слично

Поврзани вести