(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ НИЗ ЕВРОПА: Жена настрада откако ја однела река, маж загинa од паднато дрво
Невреме ги погоди Британија, Франција и Данска. Поплавени се улици, а има и загинати.
Бурата Бабет ја зафати Шкотска, донесе пороен дожд и ветрови со брзина до 113 километри на час, а предупредувањата за поплави и бури беа издадени во јужна Франција и Данска.
Жена загинала вчера откако ја однела река, а маж загинал од дрво кое паднало врз неговиот автомобил.
Авион се излизгал од пистата на аеродромот Лидс Бредфорд во Англија при слетување на силен дожд, јавува „Скај њуз“.
Инцидентот се случил кога попладнево на аеродромот во Западен Јоркшир слетал авион кој летал од Крф. Нема податоци за повредени.
Во Ница има огромни бранови и одрони, евакуирани се 250 луѓе. Превентивно затворени се сите училишта и градинки.
Властите во регионот Alpes Maritimes во јужна Франција ги предупредија жителите на поплави и ветрови со брзина до 130 километри на час, откако удари од гром предизвикаа прекин на електричната енергија и затворање на училиштата.
Невреме на Балтичкото Море стигна до источниот брег на Данска и предизвика евакуација на населението и прекин на електричната енергија. На аеродромот во Копенхаген се откажани 88 летови. Летово имаше големо невреме во повеќе европски држави.
foto Twitter
River overtook the bridge in Scotland as Storm Babet hits the region#Scotland #StormBabet #floods pic.twitter.com/pwp25ddvG6
— Shadab Javed (@JShadab1) October 20, 2023
