Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ НА МАЈОРКА ВО ШПАНИЈА: Ветерот носеше лежалки и соборуваше палми

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ НА МАЈОРКА ВО ШПАНИЈА: Ветерот носеше лежалки и соборуваше палми

Невреме вчера ја зафати Мајорка во Шпанија, каде ветерот носеше лежалки, додека улиците беа поплавени.

Мештаните пишуваат дека во рок од еден час се пријавени повеќе од 80 инциденти поврзани со поплавите. Ветерот уриваше палми, а автомобилите тешко се движеа низ поплавените улици.

Метеоролозите издадоа предупредувања за Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера. Тие велат дека во Мајорка дувале ветрови со брзина од 120 километри на час.

И во Германија имаше невреме. Ветерот турна шатор, каде беа повредени 30-тина луѓе. 

Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA


Слично

Поврзани вести