Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ИТАЛИЈА: Жена загина откако врз неа паднало дрво

Страшно невреме направи хаос во Италија, каде има загинати. 

Невремето најмногу го погоди Милано, а обилни дождови ја зафатија цела Ломбардија попладнево, предизвикувајќи голема штета. 63-годишна жена од Сан Виторе Олона загина во невремето. Таа починала во градот Робечето кон Индуно, откако ја удрило дрво кое паднало. Несреќата се случила во шумска област до која е тешко пристапна за спасувачките екипи. Дрвото повреди уште две лица - 68-годишна жена и 70-годишен маж - кои итно се префрлени во болница.

Се смета дека трите лица се враќале од прошетка покрај каналот Навиљо. На лице место интервенирале пожарникари, карабинери и амбулантни возила, кои само можеле да ја потврдат смртта на 63-годишникот.

Противпожарната служба на Милано регистрирала повеќе од 150 интервенции во градот и околината.

Само во Комо се регистрирани околу 50 интервенции за поплави, сечење дрвја и отстранување на пречки. 


Слично

Поврзани вести