ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МОСКВА: Водата однесе мост, има отсечени села

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ МОСКВА: Водата однесе мост, има отсечени села

Силно невреме ја зафати Москва, a поројот однесе мост, додека метрото е под вода. 

Фотографии и видеа направени за време и по невремето има на социјалните мрежи, на кои се гледаат автомобили како „пливаат“ низ порои во Москва, додека пешаците не можат да преминат, затоа што водата им е речиси до колена.

Имено, повеќе од половина од месечната стапка на врнежи паднала во руската престолнина во ноќта од недела кон понеделник, објави на каналот Телеграм Михаил Леус, водечки експерт во метеоролошкиот центар Фобос.

„Во Москва, во текот на ноќта, паднале 28 милиметри врнежи кај ВДНХ и Московскиот државен универзитет, а 49 милиметри во Тушино“, рече тој.


Оваа количина е помеѓу една третина и повеќе од половина од врнежите што се норма за јули.

Голема количина вода однесе и мост во Наро-Фоминскиот округ во Московскиот регион, а властите велат дека работниците се на терен.

Најмалку три села биле отсечени поради уривањето на мостот.


ad
Слично

Поврзани вести