Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕВИДЕНО: Снег ги покри плажите на Хаваи

(ВИДЕО) НЕВИДЕНО: Снег ги покри плажите на Хаваи

Снежно невреме го погоди Хаваи. 

Тоа доведе до прекин на електричната енергија до многу домаќинства, но предизвика и поплави, додека силниот ветер корнеше гранки, кои предизвика оштетувања на некои домови, објекти и блокираа повеќе патни правци.

Снегот не е невообичаен за планинските врвови на Хаваите, но неговата појава на височина од 1.900 метри е досега невидена појава на овие острови во централниот дел на Тихиот Океан.

Националната метеоролошка служба во Хонолулу објави дека ветерот во некои делови дувал и со брзина од 110 километри на час.

Локалните медиуми јавија дека едно лице е повредено кога врз возилото со кое патувал паднала бандера. На неколку острови оштетени се покривите од куќите. Во 2016 година делови од Хаваи беа покриени со 90 цм снег. И во 2014 година за Божиќ на Хаваите имаше 20 цм снег. 


Слично

Поврзани вести