Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Невидено досега! Сириските бунтовници снимиле „егзекуција“ на терористи од „ИД“ 

(ВИДЕО) Невидено досега! Сириските бунтовници снимиле „егзекуција“ на терористи од „ИД“ 

Сириските бунтовници од Слободната армија им покажаа на терористите од „Исламска држава“ како треба „правилно“ да се егзекутираат воените затвореници. Сиријците снимиле видео со својата верзија на овој „процес“ и го ставиле на интернет.

На видеото се покажува како десет сириски војници од Сириската слободна армија се движат кон местото на егзекуцијата во пустината над десетмината терористи од „ИД“. Заробениците се облечени во исти портокалови конблизони, во какви беа егзекутирани и жртвите на исламистите.

Потоа заложниците со врзани раце паѓаат на колена. Активностите на војниците зад нив целосно ги повторуваат овие дела на изродите од „ИД“ - тие допираат пиштоли во главите на заробениците. Но, тука завршува сличноста со егзекуциите на терористите.

Сиријците ги тргаат пиштолите, и ги тргаат маските и си заминуваат. Наместо нив се појавува имам кој им објаснува на терористите: „Тоа не се нашите принципи. Ние не сме зло“. Самото видео го носи насловот „Муслиманите не се криминалци“.

Како што објави „The Daily Mail“, сите заробени терористи од „ИД“ останале живи и се испратени во затвор. Важно е да се напомене дека Слободната армија на Сирија е една од најголемите востанички вооружени групи во земјата, кои водат вооружена борба против власта на чело со претседателот Башар Асад. Во исто време помеѓу непријателите на Слободната армија на Сирија е и групата „Исламска држава“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/R6S4u264ncQ[/embed]
Слично

Поврзани вести