(ВИДЕО) НЕВИДЕНА КАТАСТРОФА: Куќите се уриваат за секунда, реките носат мебел
Во невремето кое го погоди Перу загинаа најмалку 60 луѓе. Направени се огромни материјални штети.
Циклонот Јаку во последните денови предизвика штета од најмалку 323 милиони долари на згради, училишта и патишта во централните и северните делови на државата.
Перуанскиот министер за економија Алекс Контрерас изјави дека при реконструкцијата приоритет ќе има патната инфраструктура, а финансиска помош ќе добијат и малите претприемачи.
Временските промени предизвикани од ефектот Ел Нињо се закануваат да ја продолжат сезоната на дождови во Перу. Тоа би можело да ги зачести циклоните.
Катастрофи ја погодија Јужна Америка. Скоро имаше земјотрес во Евкадор, а вчера се стресоа Аргентина и Чиле.
Слично
