(ВИДЕО) Неверник или масон – новиот украински претседател обвинет дека не знае да се прекрсти!
Видеото од гласањето на новиот украински претседател Петро Порошенко предизвика многу расправи во Украина. Имено, мултимилијардерот Порошенко, кој веќе е избран за нов шеф на државата, е обвинет дека не знае да се прекрсти, па дури и дека е масон или член на некој култ.
Откако го уфрлил гласачкото ливче, Порошенко се обидел да се прекрсти, но само направил еден избрзан гест што не им „побегна“ на исклучително религиозните Украинци и отвори дебата за неговите религиозни верувања.
На многу интернет форуми и на социјалните мрежи се појавија и теории според кои Порошенко воопшто не се прекрстил, одбележал знак на масонски симбол - триаголник.
Дали Порошенко е верник, атеист, масон или нешто друго, оценете сами во видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=sB8B-FW-nzg#t=84
Слично
