(ВИДЕО) НЕСРЕЌА НА АЛПИТЕ: Лавина затрупа деца, има и мртви
Лавина на затворена писта, ги однесе животите на најмалку три лица, кои скијале на француските Алпи.
Меѓу загинатите има две деца, а повредени се уште најмалку тројца.
Лавината затрупала десет ученици и еден професор, а во моментов се трага по пет лица.
Децата од една гимназија во Лион биле на скијање со својот инструктор, кога околу четири часот по локално време биле погодени од лавината.
Во потрагата се вклучени 60 спасувачи со кучиња и четири хеликоптери. Хеликоптерите го надлетуваат ресортот, од кои еден е опремен со термална камера што има за цел да ги пронајде преживеаните под снегот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZS9XaP8UTN4[/embed]
Слично
