Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Раскошен огномет: Ѕирнете какво спектакуларно дрон шоу прават Кинезите

(ВИДЕО) Раскошен огномет: Ѕирнете какво спектакуларно дрон шоу прават Кинезите

 И кај Кинезите се менуваат традициите. Традиционалниот раскошен огномет оваа година го заменија со спектакуларно светлечко дрон шоу.

Околу 1000 беспилотни летала во најразновидни бои со блесоци за кинескиот фестивал на фенери. Со оваа бројка на користени дронови го поставија и новиот гинесов рекорд.

-Беспилотните летала се опремени со различни светлечки диоди. Секој дрон има дефинирани координати. Кога веќе се на небото, секој дрон си го знае местото.  Само еден компјутер ги контролира беспилотните летала. Со поставување на траекторијата, брзината и положбата на машините однапред.  За да се постигне вистинска совршеност, потребни беа неколку недели подготовки, изјавил уметничкиот директор на Стартер,а  пренесува Русија денес.

За овој спектакуларен спектакл, исто така, биле направени 4 проби во 4 дена.

Предноста на дроновите е тоа што со нив можете да направите цела бајка, додека со традиционалните огнови тоа е невозможно.

Инаку ова спектакуларно светлечко дрон шоу траело само 12 минути, односно до потрошување на батериите на дроновите. 


Слично

Поврзани вести