(ВИДЕО) Нервозни патници го избркаа поранешниот министер од авион!
Пакистанските патници, на кои им е преку глава од доцнењето и откажувањето на авионските летови, спречија еден влијателен политичар да се качи на авион, откако заради него летот доцнел цели два часа.
На видео-снимката објавена на интернет се гледа како група патници извикуваат „Засрами се!“ додека го спречуваат поранешниот министер за внатрешни работи Рехман Малик да влезе во авион, а потоа го бркаат дури до аеродромската зграда.
Авионот во сопственост на државната авиокомпанија ПИА, на крајот без Малик полета од аеродромот во Карачи кон Исламабад.
Уште еден политичар, Рамеш Ваквани исто така доцнел, па патниците не му дозволиле да влезе во авионот.
Малик се бранел со тврдење дека тој не е виновен за доцнењето. „Кој е виновен за тоа што авионот доцни? ПИА или јас? Очигледно ПИА“, напишал тој на Твитер.
Државната авионска компанија на Пакистан, оптоварена со финансиски загуби и често на удар на критики заради неуреден возен ред, позната е по тоа што ги одлага летовите за да се вклопи во распоредот на важните политичари. Заради ова обичните патници со часови се принудени да чекаат во авион, иако дошле на време.
http://www.youtube.com/watch?v=BeWCE3vcZEY#t=69
Слично
