(ВИДЕО) НЕОФИЦИЈАЛНА ВОЕНА ХИМНА НА ИЗРАЕЛ: Повикуваат на убиство на Бела Хадид, Дуа Липа и Миа Калифа
Израелски пејачи пеат песна со која освен на истребување на Палестинците, повикуваат на убиства на американско-палестинскиот модел Бела Хадид, британско-албанската пејачка Дуа Липа и либанско-американската порно ѕвезда Миа Калифа.
Песната на израелското хип-хоп дуо Нес Ве Стил, објавена по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, стана неофицијална воена химна на Израел.
Насловот на песната Харбу Дарбу доаѓа од сириски арапски и буквално значи „мечеви и напади“. Меѓутоа, во хебрејскиот сленг, фразата значи да се уништи противникот. Токму тоа раперите ветуваат дека ќе го направи израелската армија (IDF). Песната има над 18 милиони прегледи.
Во песната, Палестинците ги нарекуваат „стаорци и синови на Амалек“, референца за античкото племе прикажано во Тора како вечен непријател на еврејскиот народ што треба да биде уништен. На 7 октомври лани палестинската терористичка група Хамас изврши напад на Израел, а потоа израелската армија почна со операција во Газа каде загинаа над 28.000 Палестинци.
