(ВИДЕО) НЕОБИЧНО ИСКУСТВО: Дури три пати бил во изолација поради коронавирусот
Студентот од Италија, Лоренцо ди Берардино три пати бил во изолација поради коронавирусот.
Тој прво бил во изолација во Вухан, потоа, како повратник од странство, во Рим, и на крајот во неговиот град Пескара.
„Очигледно сум баксуз“ – рекол 22-годишниот студент.
Преку програмата за размена на студенти, ги поминал првите неколку месеци во Вухан, од каде што се прошири коронавирусот. Неколку дена пред да се врати дома, 11-милионскиот град беше ставен во карантин.
На почетокот на февруари италијанската војска го префрли него и уште неколку италијански државјани во Италија, но како повратник, Лоренцо морал да помине 17 дена во карантин во воените бараки недалеку од Рим, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Сега Лоренцо студира од својата куќа, преку интернет, а на забраните на движење кои непрекинато го следат реагира сосема опуштено:
