(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН ОГЛАС: Се продава цело село за 260.000 евра
За 260.000 евра се продава село во Шпанија. Местото се наоѓа во близина на градот Замора во северозападна Шпанија. Ова село има 44 куќи, црква, училиште, хотел, кафеана, стар базен, спортски комплекс па дури и поранешна касарна на жандармеријата, јавува Анадолија.
Веб-страницата за недвижности Idealista објави дека селото Салто де Кастро во градот Замора, во близина на границата со Португалија е на продажба. Селото останало напуштено поради преселувањето на неговите жители во урбаните средини. Неколку стотици луѓе веќе го погледнале огласот. Заинтересирани за купување на селото се Шпанците, Португалците и Англичаните.
Шпанија има проблем со празни села. Истиот проблем го има и во Италија, каде продаваат куќи за едно евро, но со обврска газдата да ги реновира во точно утврден временски рок.
Слично
