(ВИДЕО) Немирна ноќ во Виена – се протестираше против бал!
Илјадници луѓе протестираа синоќа во австрискиот главен град Виена против балот кој секоја година во една од најпознатите палати во градот го организира австриската крајно-десничарска Партија на слободата (ФПО).
Над 20 илјади полицајци ги обезбедуваа демонстрациите, но сепак и тоа не ги спречи немирите по полноќ во кои беа повредени 17 демонстранти и 5-мина припадници на полицијата, а 14 лица се приведени.
Традиционалниот бал на десницата во Виена започна да се организира како забава на студентите од екстремната десница во зимската царска палата Хофбург. Полицијата годинава целосно го затвори пристапот до палатата.
На балот присуствуваше и лидерот на Партијата на слободата Хајнц-Кристијан Штрахе, чија партија на последните парламентарни избори во 2013-та година го потврди статусот на трета политичка сила во земјата, освојувајќи 20,5 отсто од гласовите.
Еве како беше синоќа во Виена:
http://www.youtube.com/watch?v=_InFx4jFD7E
Слично
