Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

Шести ден траат насилните немири во Нова Каледонија. Француските сили почнаа „голема операција“ во Нова Каледонија, а немирите синоќа однесоа уште една жртва, пишува британски „Гардијан“. Операцијата ќе има за цел да го врати патот што го поврзува аеродромот со Нумеа, затоа што градоначалникот на главниот град вели дека ситуацијата „не се подобрува“.

Француските сили пробуваат да ја вратат контролата врз патот долг 60 километри што го поврзува главниот град на Нова Каледонија, Нумеа со главниот меѓународен аеродром. 

Немирите избувнаа во понеделникот, предизвикани од плановите во Париз да се воведат нови правила за гласање кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните Канаци, кои сочинуваат околу 40 отсто од населението.

Официјални лица рекоа дека повеќе од 600 тешко вооружени жандарми се испратени да ја обезбедат рутата Територија 1, главниот пат што го поврзува главниот град со аеродромот. Летовите до и од главниот остров на Нова Каледонија се откажани од почетокот на немирите, блокирајќи патници и прекинувајќи ги трговските патишта.

Градоначалничката на Нумеа, Соња Лагард, рече дека иако насилството во текот на ноќта малку се намали, благодарение на полицискиот час од 18 часот до 6 часот наутро, „далеку сме од враќање во нормала“.

Во саботата, шестото лице загина, по размена на оган на една од многуте импровизирани барикади што ги блокираа патиштата на островот, изјави претставник на безбедноста за новинската агенција Асоишејтед Прес. Во судирот се тешко повредени уште две лица, јавија француските медиуми.

Убиени се и двајца жандарми и уште три лица, домородните Канаци.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија.

Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание.

Франција го обвини Азербејџан дека е поврзан со протестите, но од Баку ги отфрлија овие тврдења. 


Слично

Поврзани вести