Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Немири во Франција - демонстрантите превртуваа и палеа возила

(ВИДЕО) Немири во Франција - демонстрантите превртуваа и палеа возила

Насилни протести избија во Франција. 

Протестите, претходно најавени на социјалните мрежи, избувнаа низ цела Франција, зафаќајќи ги Париз, Марсеј, Нант и други градови.

Демонстрантите се судрија со полицијата, блокираа главни патишта, превртуваа и палеа возила, а во некои случаи оштетија и јавен имот.

Според француското Министерство за внатрешни работи, околу 200 лица се приведени. Оваа информација ја потврди министерот во заминување Бруно Ретајо.

Немирите доаѓаат во време на длабока политичка нестабилност. Реакциите на опозицијата се остри – левичарскиот блок бара предвремени избори, додека десницата го обвинува претседателот дека „губи контакт со реалноста“. Синдикатите најавија дополнителни штрајкови ако владата не ги повлече контроверзните реформи.

Премиерот Франсоа Бајру поднесе оставка по жестоките реакции на најавените мерки за штедење, кои вклучуваат намалување на социјалните трошоци. Претседателот Емануел Макрон го номинираше министерот за одбрана Себастијан Лекорну за нов премиер.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести