(ВИДЕО) Немири на унгарска граница, полицијата со водени топови и солзавец против бегалците
Бегалците пак, запалија гуми и со камења се фрлаа кон полицијата.
Во судирите се повредени 20 полицјаци и две деца кои биле фрлени од безбедносната ограда.
Во толпата има и жени и деца, кои бегајќи од солзавецот и водените топови паѓаа и се онесвестуваа.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=WchMcUr-qd0[/embed]Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика и Србија да помогне во справувањето со ситуацијата.
„Овој напад доаѓа од српска територија. Затоа, јас цврсто барам од мојот српски колега да ги повика српските власти веднаш да дејствуваат против оваа агресивна група мигранти“ – изјави министерот.
По затворањето на унгарската граница илјадници бегалци останаа во меѓуграничниот простор на Србија и Унгарија. Една група од нив протестираат со глад и жед.
Унгарија ја затвори границата во понеделникот, откако стапи во сила нов закон со кој меѓудругото се предвидува три години затвор за бегалците кои нелегално ќе ја преминат границата.
