(ВИДЕО) Немири и гумени куршуми на протест против имигрантите во Холандија
Холандската полиција користела гумени куршуми во обид да ја растера толпата која протестирала против плановите на властите да изградат центар за сместување на имигранти во еден мал град во земјата, објави агенцијата „Ројтерс“. Нема податоци за потешко повредени.
Видеата од немирите покажаа десетици млади кои ги рушат оградите, фрлаат со пивски шишиња и огномет кон полицијата. Тие, исто така скандираат извици против предлогот за изградба на центарот за бегалците во градот. Според податоците на националната телевизија „NOS“ околу 2.000 лица учествувале во протестите.
Поради незадоволството на градскиот совет, кој требаше да се сретне со цел да се разговара за изградбата на зградата за 1500 мигранти ја прекинаа својата седница.
Протестот е најголемата манифестација на антиимигрантските чувства во Холандија, откако беше нападнат центарот за сместување на сириски бегалци во октомври.
