Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕМА МИР ВО НАГОРНО - КАРАБАХ: Азербејџан изврши напади

(ВИДЕО) НЕМА МИР ВО НАГОРНО - КАРАБАХ: Азербејџан изврши напади

Азербејџан „спроведе воена операција“ во регионот Нагорно-Карабах. 

Азербејџанските војници ги гаѓаа позициите на локалните милиции во Нагорно-Карабах во одмазднички напад, објави Баку.

Министерството за одбрана  вели дека операцијата е почната откако локалните милиции „грубо го прекршија“ договорот за прекин на огнот од 2020 година меѓу Ереван и Баку, со посредство на Москва.  Баку претходно ги обвини милициите од Нагорно-Карабах за напад на азербејџански позиции во регионот и ја потврди смртта на најмалку еден војник.

Ерменските медиуми објавија дека азербејџанските војници ги напаѓале локалните етнички ерменски милиции на неколку локации низ Нагорно-Карабах во изминатите денови и го обвинија Баку дека планира офанзива во регионот.

Азербејџанските трупи во 2020-та година ги протерале етничките ерменски сили од подрачјето кое го контролирале од 1990-та година во Нагорно-Карабах и околу него. 

Во овој регион имаше војна, по што двете земји потпишаа договор, а Русија е земја која ќе го гарантира мирот. Двете земји долги години имаат проблеми поради спорниот регион Нагорно - Карабах. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести