Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Неколку луѓе настрадаа во невремето во Шпанија, поплавени се многу куќи

(ВИДЕО) Неколку луѓе настрадаа во невремето во Шпанија, поплавени се многу куќи

Поплави има во Шпанија, каде повеќе луѓе загинаа. 

Најмалку четири луѓе настрадаа викендов. Телата на двајца мажи се пронајдени денеска во Толедо, провинција јужно од Мадрид, објави владата на регионот Кастилја-Ла Манча. Едната од жртвите починала во возилото, а другата е пронајдена мртва во лифтот на гаражата. Двајца мажи, на возраст од 31 и 34 години, починаа за време на викендот во североисточна Шпанија, откако се удавија во надојдените води. Продолжува потрагата по маж кој во неделата навечер со сопругата и двете деца патувал во Мадридскиот регион. Нивното возило беше однесено од водите на реката Алберче, која се излеа од нејзините корита. Сопругата, ќерката и синот успеале да се спасат. Поплавени се многу куќи и гаражи, оштетени се многу фасади и откорнати се дрвја. Поради невремето, викендов летовите беа одложени, а железничкиот сообраќај беше во прекин, поради што стотици патници останаа блокирани на железничките станици во Мадрид, Малага и други градови. Невреме неодамна кон крајот на август имаше во повеќе европски држави. 


Слично

Поврзани вести