Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИ: На терен се 1300 пожарникари

(ВИДЕО) НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИ: На терен се 1300 пожарникари

Шести ден беснеат пожари во јужниот регион Алгавра во Португалија. 

Пожарите зафатија плантажи со еукалиптуси, а огнот го гаснат 1 300 пожарникари од целата земја.

„За да се изгаснат пожарите ќе треба да стивне силниот ветар што ги разгорува“- вели премиерот Антонио Коста. 

Тој додава  дека пожарите може да имаат и политичко влијание во земјите, бидејќи минатогодишниот трагичен биланс со 109 жртви во пожарите доведе до пад на претходната Влада.

Пожарите се шират и кон туристичките места во овој дел од Португалија. Вчеравечер пожарникарите спречија огнот да се прошири кон туристичкото место Силвес, каде живеат околу 6 000 жители.


Слично

Поврзани вести