Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ БЕА ШОКИРАНИ, ДРУГИ СЕ СМЕЕЈА: Aвстралиски пратеник пиеше пиво од својата патика

(ВИДЕО) НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ БЕА ШОКИРАНИ, ДРУГИ СЕ СМЕЕЈА: Aвстралиски пратеник пиеше пиво од својата патика

Пратеникот од лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин на последниот ден во парламентот пиеше пиво од својата патика, во чин познат како „шуи“. Ова се смета за типично австралиско збогум.

Пред да го стори тоа, Мекгин им се заблагодари на своите избирачи и нагласи дека е навикнат сите да го критикуваат.

„Долго и напорно размислував како да го завршам овој говор и мислам дека моите избирачи во Голдфилдс ќе бидат особено благодарни. Постои само еден начин да се направи тоа, а јас сум навикнат да ме караат, па затоа можеме да го завршиме ова сега, но би сакал да им кажам на членовите и избирачите низ цела Западна Австралија, ви благодарам за двата фантастични мандати, на здравје“, рече Мекгин.

Потегот на Мекгин предизвика поделени реакции: дел од пратениците беа шокирани, додека други реагираа со смеа и аплауз. 


Слично

Поврзани вести