Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Не живеел во луксуз, но бил опседнат со сигурноста – уапсен најбараниот наркобос во светот!

(ВИДЕО) Не живеел во луксуз, но бил опседнат со сигурноста – уапсен најбараниот наркобос во светот!
По 13 години, мексиканската полиција успеа да го уапси најбараниот наркобос Хоакин Гузман „Ел Чапо“. Кога го пребарале неговиот дом, им станало јасно како успевал да им бега толку долго време. Во секоја од седумте куќи во сопственост на Гузман, во мексиканската сојузна држава Синалоа, биле пронајдени тајни влезови во бањата, кои воделе до цела мрежа скриени подземни тунели и кои му овозможувале на „Ел Чапо“ со години да им бега на властите. Дека Гузман бил опседнат сосигурноста, покажуваат и надзорните камери поставени на секој чекор. Спротивно на очекувањата на јавноста за еден од најбараните наркобосови кој се наоѓа на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе во светот, куќите во кои престојувал воопшто не се луксузно уредени. „Ел Чапо“ беше уапсен во един мексикански хотел на 22 февруари, а против него се поднесени најмалку 7 обвиненија. Неговото богатство се проценува на повеќе од една милијарда долари, а живеел тука: http://www.youtube.com/watch?v=K12PyJ4X1ME  
Слично

Поврзани вести