(ВИДЕО) Не сме сигурни дали Путин ја препозна: Египјаните се посрамија при изведување на Руската химна!
Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа во официјална посета на Египет. Протоколарна вест која заслужува да се пренесе.
Во Египет беше топло пречекан, на улиците во Каиро доминираа билборди со ликот на Путин, а пораката беше : „Добредојдовте“.
За Путин беше организирана вечера, мала културно - уметничка приредба, а рускиот гостин на домаќиниот египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сисију му подари пушка „калашников“, која што Египјаните воодушевено ја прифатија.
Но нешто друго на сите им падна во очи т.с. уши. Начинот на кој оркестарот на египетската војска ја изведе химната на Русија во текот на церемонијата на дочекот. Можеби немале доволно време да ја научат.
Египетскиот воен оркестар не се прослави баш во текот на церемонијата, во чест на претседателот Владимир Путин.

